Фудбалска грозница го тресе градот на модата – Видал го засили Интер, Бобан се враќа во Милан

Трансферот на Артуро Видал од Барселона во Интер е потврден од Нераѕурите, Чилеанецот денеска и официјално е претставен во новиот клуб, а трансферот чини само еден милион евра.

Интер доби квалитетно засилување, а Видал има шанса повторно да соработува со Антонио Конте, кој му беше тренер во Јувентус од 2011 до 2014 година.

https://twitter.com/Inter_en/status/1308330643340898304?s=20

Договорот што го потпишаа Интер и Видал е со важност во следните две години, со можност да се продолжи за уште една сезона.

Ако тој трансфер беше очекуван и најавен како сигурен, тогаш камбекот на Звонимир Бобан звучи како вистинска трансфер-бомба во Италија и во Милано.

Неодамнешниот спортски директор на Милан си замина, но сега во тек се преговори, и тоа сериозни за негов камбек. Бобан дури и го тужеше клубот, но најавено е дека тој проблем ќе биде испеглан и дека поранешниот играч на Милан ќе се врати на раководните функции во гигантот од Милано.

 

- Оглас -

Најнови вести