Светската фудбалска федерација (ФИФА) подготвува вистинска револуција во правилата на најпопуларниот спорт во светот. ФИФА веќе ги започнува подготовките за да ги испроба новиот систем на играта која ја познаваме низ изминативе децении.
Прва и главна измена на правилата е времетраењето на полувремето. Наместо досегашните 45 минути, планот е едно полувреме да трае 30 минути, но поради намалената минутажа, времето би се стопирало секогаш кога топката ќе излезе надвор од теренот или ќе има некаков поголем прекин.
Освен оваа измена, ФИФА по новиот систем, планира да има неограничен број на измени, што значи дека би се укинало досегашното правило за три или пет измени на еден тим.
Изведувањето на аут веќе нема да биде со рака, туку тоа би било изведување со нога, па тоа повеќе би изгледало како еден вид на слободен удар. Играчот кога ќе добие жолт картон, веднаш би заминал на петминутна суспензија, а потоа ќе се врати на теренот.
Овие нови правила ФИФА планира прв пат да ги испроба на турнири за играчи до 19 години, а потоа ќе одлучи дали ќе ги презентира пред Одборот кој ги одредува правилата на фудбалот.