Денешниот Супер тип има стандардно 16 натпревари со специјално зголемени квоти, но невообичаено за овој период, не доминира фудбалот. Во понудата има пет фудбалски натпревари, а останатите се од тенис, кошарка, хокеј на мраз и ракомет.
Најинтересен меч во понудата е тој на македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје, кој му гостува на Морнар во рамките на АБА-лигата. Металците во последното коло ја совладаа Цедевита Олимпија пред своите гледачи, а вечерва во Бар, Црна Гора, ќе се обидат да дојдат до втор триумф по ред, кој им е повеќе од потребен во битката за опстанок во регионалното натпреварување. Квотата за триумф на МЗТ Скопје изнесува 2.65.
Понудата започнува со тениски мечеви во кои играат фаворити. Елена Рибакина е фавортика во дуелот со Бразилката Хадад Маија и зголемената квота за нејзин триумф изнесуба 1.41, додека 1.40 изнесува коефициентот за победа на Јаник Синер над Лоренцо Сонего.
Од фудбалските мечеви, тука е Милан, кој мора да најде начин да ја прекине серијата од седум натпревари без победа и специјално зголемената квота за „кец“ изнесува 1.96. Има зголемени квоти и за победа на Вилем втори над Дордрехт, на Ница над Ажаксио, на Хартс, на Волфсбург.
Според правилата, може да се игра само еден натпревар од Супер тип понудата и не може да се игра сингл, туку мора да се одигра најмалку со три натпревари од редовната понуда со коефициент поголем или еднаков на 1.25.