Фудбалот не доминира во Супер типот, но тука се двата спектакли во ЛШ со дури со осум комбинации, како и Калин Ивановски

Денешниот Супер тип стандардно има 16 натпревари од четири спорта, фудбал, ракомет, тенис и хокеј на мраз, со специјално зголемени квоти во Sport Life, а интересно е што не доминира фудбалот, туку тенисот со шест натпревари.

Во понудата е и најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски, кој настапува на Челенџерот во Сплит. Негов противник е хрватскиот тенисер Дује Ајдуковиќ, а одлична е квотата за Ивановски да победи, 2.80.

Иако фудбалот не доминира во Супер типот, сепак два меча ќе бидат во центарот на светската спортска јавност, а тоа се дуелите од четвртфиналето во Лигата на шампионите меѓу Манчестер сити и Баерн Минхен и тој меѓу Бенфика и Интер. Вообичаено за фудбалските возбудувања има пет комбинации со специјално зголемени квоти, но за овие два натпревара има дури осум.

Понудата на Супер типот покрај основните игри за конечен победник на натпреварот, вклучува и игри на голови, но и комбинации на конечен тип и голови.

Според правилата, може да се игра само еден натпревар од Супер тип понудата и не може да се игра сингл, туку мора да се одигра најмалку со три натпревари од редовната понуда со коефициент поголем или еднаков на 1.25.

- Оглас -

Најнови вести