Реал Мадрид го победи Хетафе со 1-0 со погодокот на Маркос Асенсио, но една друга ситуација го привлече вниманието на целиот Балкан. Во 61-вата минута Лука Модриќ влезе во игра, а по натпреварот сите забележаа дека го замени дресот со Србинот Стефан Митровиќ од Хетафе, а потоа и се прегрнаа.
Балканот е воодушевен од овој потег на Модриќ и Митровиќ, кои покажаа дека фудбалот нема граници и не познава националност. Еден од насловите во српските медиуми беше: „Балканот е Балкан. Националноста не е важна. Лука Модриќ го размени дресот со српскиот фудбалер.“
https://twitter.com/MadridXtra/status/1657665010275893248?s=20