Славниот италијански судија Пјерлуиџи Колина потврди дека од новата сезона насекаде во светот ќе се применува едно револуционерно правило во фудбалот. Голманот ќе мора да внимава да не ја чува топката во своите раце повеќе од осум секунди, затоа што секое задржување на времето ќе се казнува со доделување на корнер за противникот.
Ова правило ќе се користи и на Светското клушско првенство кое вечерва почнува во САД, а од новата сезона ќе биде активно во сите првенства.
Во изминативе години често можеше да се случи голманот и по 15-20 секунди да ја држи топката во своите раце и да задржува време, пред да продолжи играта. За да се спречи „крадењето на времето“, ФИФА одлучи дека осум секунди се сосоема доволно време за голманот да ја внесе топката повторно во игра.
„Ова е најважната иновација која вистински ќе придонесе да се намали губењето на време во тек на меч. Ќе биде имплементирано во сите фудбалски натпреварување, понувајќи од ова лето. Ова правило веќе се користеше на Копа Либертадорес и Судамерикана и даде одлични резултати. Ако голманите знаат дека може да биде досуден корнер за противникот, нема да ризикуваат да ја држат топката долго во своите раце. Впрочем, во 160 натпревари во Либертадорес купот и Судамерикана купот правилото беше искористено само два пати. Со тоа се добива сигурност дека голамните нема да ја држат топката по 15, 20 или 25 секунди за да изведат гол-аут. ова се добри вести за играта“, задоволно коментира Колина.
Италијанскиот судија објаснува дека и топките евулиирале во последните неколку години.
„И топките се променија. Од 2022 година имаме топка која го детектира допирот на играчот. Тоа е клучна промена. Благодарение на 12 камери и 29 сензори во топката, можеме точно да одредиме во која положба играчот ја допрел топката. Тоа е клучно за одредување на офсајд позиција. Сисемот испраќа до 500 сигнали во секунда и може да се одреди дали имало допр на топката или не“, вели прославениот судија Колина.