Фудбалот пишува бајки, од доставувач на пици до голгетер во Лигата на шампионите

Фудбалот понекогаш носи неверојатни приказни, а една таква ја доживеа Жулиен ле Кардинал, играчот на Брест, кој во вторникот постигна гол во Лигата на шампионите против ПСВ, иако пред неколку години доставуваше пици.

Бреср беше десеттопласиран тим во француската Лига 2 во 2016 година кога Ле Кардинал одлучи да го напушти фудбалот и да се посвети на друга работа поради финансиски проблеми. Работел како доставувач на пици, меѓу другото.

Во вторникот, Ле Кардинал имаше шанса да доживее момент кој засекогаш ќе го запише во својата фудбалска историја. Во 43-тата минута од натпреварот против ПСВ беше досуден слободен удар за Брест. Топката отиде во шеснаесетникот, а Балде имаше шанса, но неговиот шут заврши во ногата на Ле Кардинал, кој постигна гол.

Ле Кардинал признава дека минатите години поминал низ многу тежок период.
„Бев принуден да го напуштам фудбалот и да се посветам на други работи бидејќи немав пари“, рече тој. „Заработував само 150 евра месечно во Сен-Бријук. Работев и во ресторанот „Дел Арте“, бев доставувач на пици, а исто така работев и во фабрика за палачинки“, раскажува фудбалерот на Брест.

Сепак, сè се промени кога ја запознал жената која му помогнала да му се врати на фудбалот.


„Благодарение на неа се вратив“, признава тој.

„Таа ми рече: ‘Или врати се на фудбалот и почни нормално да живееш или ќе бидеш целосно сам’. Тоа ме освести.“

Годината 2019 беше пресвртна за Ле Кардинал. Тогаш имаше 22 години и играше во четвртиот ранг во Франција, но продолжи да напредува и брзо премина во Бастија, каде што стекна искуство што беше клучно за неговата понатамошна кариера.

Иако за време на сезоната 2020/21 доживеа трагедија во семејството, дозна за смртта на својата мајка, продолжи да игра и да постигнува успех.

Ле Кардинал во ноември 2022 година потпиша за Ленс, кој го купи за 2,3 милиони евра, а потоа на позајмица премина во Брест. Таму почна редовно да игра и минатата сезона имаше значаен придонес, по што клубот реши да го откупи неговиот договор за 1,7 милиони евра.

Сега, по неверојатниот подем од доставувач на пици до Лигата на шампионите, Ле Кардинал стана симбол на упорност и борба, покажувајќи дека животот навистина пишува филмски сценарија.

- Оглас -

Најнови вести