Фудбалот се игра за голови, а нив денес ќе ги има во Англија, Шпанија, Италија, Мароко и Кипар (Фото)

1091 Кристал палас – Евертон (21:00)

Дуелите од англискиот ФА куп секогаш нудат возбудувања и голови. Очекувањата се дека така ќе биде и на натпреварот помеѓу Кристал палас и Евертон, кои ќе играат во 1/32-финалето од најмасовното англиско натпреварување. На пет од последните шест меѓусебни дуели на овие две екипи имало најмалку по три погодоци, додека Кристал палас е во серија од 12 натпревари по ред на кои има најмалку по два гола.

Предлог тип: 1-3I&1-3II (2.15)

 

1310 Лас палмас – Барселона (21:30)

Фудбалерите на Барселона немаат право на кикс на гостувањето на Канарските Острови против Лас Палмас. Актуелниот шампион на Шпанија заостанува 10 бода од лидерскиот двоец, па затоа очекувањата се дека Каталонците вечерва ќе одиграат ефикасно и негативата ќе ја намалат на седум поени. На две од последните три гостувања кај Лас Палмас, избраниците на Чави Ернандес успеваат да постигнат најмалку по два погодоци.

Предлог тип: Т2 1+I & T2 2+ (2.05)

 

3626 Јувентус – Салернитана (21:00)

Јувентус и Салернитана двапати во три дена ќе играат меѓу себе, но вечерва на програмата е Куп-дуелот на кој се очекува домашните да немаат никакви проблеми. Последниот натпревар помеѓу овие две екипи се одигра минатата зима, а клубот од Торино без проблеми победи со 0-3 на гостински терен. Од друга страна, Салернитана го нема победено Јувентус од 1999 година, но никогаш во историјата не победиле на гостувањето во Торино.

Предлог тип: Т1 1+I & T1 3+ (2.40)

 

5621 ФАР Рабат – Могреб Тетуан (20:00)

Домашните се големи фаворити во дуелот на второпласираната и шестопласираната екипа во првенството на Мароко. ФАР Рабат води голема битка со Раја Казабланка за титулата во првенството, па за очекување е дека нема да има проблеми против Могреб Тетуан. Екипата од Рабат е во серија од три победи по ред против Могреб, кој пак нема победа на последните шест меча во сите натпреварувања.

Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (1.92)

 

1587 Закакиу – Докса Катокопија (18:00)

Дуел од првенството на Кипар на две екипи на кои и не им оди баш најдобро оваа сезона. Докса е последнопласирана, додека домашниот Закакиу е 12-ти од 14 екипи во лигата. Сепак, заедничко за двете екипи е тоа што играат ефикасни натпревари, а на мечевите на кои настапил Закакиу биле постигнати 61 гол само на 16 дуели.

Предлог тип: ГГ & 1+I & 1+II (2.01)

- Оглас -

Најнови вести