Фудбалот се враќа дома: Англија и Ирска ќе бидат организатори на ЕП 2028

Иако квалификациите за ЕП 2024 сè уште не се завршени, веќе се знае домаќинот и на следното ЕП кое ќе се игра во 2028 година, тоа ќе бидат Англија и Ирска.

Оваа одлука сè уште не е официјална, но по откажувањето на Турција од трката за организација на ЕП 2028, единствена кандидатура е таа на Обединетото Кралство и на Ирска.

Според англиските медиуми, Европската фудбалска федерација (УЕФА) на состанокот на Извршниот одбор на 10 октомрви ќе ја потврди организацијата на Обединетото Кралство и на Ирска на ЕП 2028 година.

На истиот состанок би требало да биде одреден и домаќинот и на ЕП 2032, а главни фаворити за тоа се Италија и Турција, кои летово доставија понуда за заедничка организација.

- Оглас -

Најнови вести