Фудбалот сепак се врати дома (фото)

Во финале кое уште долго ќе се памти, Италија ја победи Англија на „Вембли“, во меч кој траеше речиси три часа.Ова беше само вторпат во историјата на Европските првенства шампионот да се решава по подобро изведување на пенали, а на крајот Аѕурите се радуваа со 3:2 на пенали.

По завршување на мечот, низ сите градови на Италија започна големо славење затоа што навивачите повеќе од 50 години го чекаа овој трофеј повторно да дојде во нивната земја.

„Ова е неверојатно, не можеше да биде подобро. Го освоивме Европското првенство“, се радуваше Стефано Гучи, еден од илјадниците навивачи кои излегоа низ улиците да прослават.

- Оглас -

Најнови вести