12.8 C
Skopje
вторник, 4 ноември 2025

Фудбалот станува поинаков: Виолетовиот картон искористен на Мундијалот за играчи до 17 години

Хрватската фудбалска репрезентација за играчи до 17 години одигра нерешено без голови против врсниците од Сенегал во првото коло на Светското фудбалско првенство за младинци. Израмнет беше дуелот на кој беа создадени малку шанси, па на крајот ремито е најреален резултат.

Иако немаше погодоци, во финишот на средбата се случи една многу интересна ситуација. Сенегалскиот голман го собори противничкиот играч Иван Крижиќ додека беше во скок дуел, а селекторот на Коцкестите, Маријан Будимир, го активира виолетовиот картон. ФИФА од неодамна донесе одлука за тестирање на нова иновација во фудбалските правила што моментално се тестира на Мундијалот за У17 години. Со покажување на виолитовиот картон од страна на тренерот, судијата е принуден да го погледне видеото од ВАР-собата. Овојпат виолетовиот картон беше искористен за чилеанскиот судија да провери дали требало да има пенал за Хрватска.

За жал на Хрватите, главиот судија и по прегледувањето на снимката остана на својата првична одлука, а тоа е дека не треба да има пенал, па мечот заврши 0:0.

- Оглас -

Најнови вести