21.8 C
Skopje
четврток, 4 септември 2025

Фудбалот веќе нема да биде олимписки спорт ако светските првенства се играат на две години

Фудбалот можеби нема да биде олимписки спорт по 2028 година доколку ФИФА ја спроведе својата идеја за светски првенства на секои две години.

Интернационалниот олимписки комитет претстави прелиминарна листа на спортови кои ќе бидат вклучени во олимписката програма за Летните олимписки игри во 2028 и таму стои фудбалот, но со додавка дека ИОК ќе ја набљудува ситуацијата околу календарот на интернационалните мечеви.

Се укинува и боксот, но ако ОИ останат и без фудбалот, тоа би било силен удар, иако и досега во машка конкуренција не играа репрезентациите во своите најсилни состави. Но, ако во исто лето има и ЛОИ и СП во фудбал, невозможно ќе биде фудбалот да се најде на олимписките игри.

- Оглас -

Најнови вести