Фудбалот загуби уште едно легендарно име: Почина Јохан Нескенс

Јохан Нескенс, уште еден легендарен фудбалер од минатото, почина на 73-годишна возраст, соопшти неговото семејство.

Нескенс беше познат како еден од најдобрите играчи од средниот ред во 70-тите и 80-тите години на минатиот век, особено прочуен по своите прецизни изведби на пенали. Тој настапи на два финални натпревари на Светските првенства (1974 и 1978 година), а во првиот од нив, во 1974 година, постигна гол со кој Холанѓаните поведоа со 1-0 против Западна Германија, но на крајот загубија со 1-2.

Со 17 погодоци во 49 натпревари за националниот тим на Холандија, Нескенс остави силен печат и се вброи меѓу најголемите имиња на холандскиот фудбал.

На клупско ниво, како играч, Нескенс имаше успешна кариера во гигантите Ајакс и Барселона, а во 1979 година се реши да го прифати предизвикот да игра во американската лига.

Тренерската кариера ја започна во 1991 година, а работеше во седум клубови како главен или помошник тренер. Во периодот од 1995 до 2000 година беше асистент во националниот тим на Холандија, а од 2006 до 2008 година ја извршуваше истата улога и во Барселона како дел од стручниот штаб на Франк Рајкард. Неговата последна работа беше во Мамелоди Сандаунс во Јужна Африка, од каде си замина на крајот на 2012 година.

Смртта на Нескенс претставува голема загуба за фудбалот, а тој ќе остане запаметен како играч кој остави длабок белег во историјата на овој спорт.

- Оглас -

Најнови вести