Жуниор Месајас е спасот за Милан и вистинска фудбалска бајка во Лигата на шампионите што ги остави Росонерите во игра за пласман во нокаут-фазата.
Бразилецот вечерва на „Ванда Метрополитано“ погоди во вистински момент и со гол за победа од 1:0 против Атлетико во 87-мата минута ги продолжи надежите на седумкратниот европски првак да очекува чудо и пласман во осминафиналето.
https://twitter.com/SempreMilanCom/status/1463625472294727680?s=20
Милан сè уште има послаби шанси од Порто бидејќи има еден бод помалку од второпласираната екипа во Б групата, но има за што да игра.
Победа против Ливерпул и неуспех на Порто против Атлетико Мадрид ги води Росонерите во нокаут-фазата.
И ако се случи такво сценарио, тогаш имаат и вистински јунак и фудбалска бајка што вечерва ја испиша 30-годишниот Месајас.
https://twitter.com/carlogarganese/status/1463625329508069383?s=20
Бразилецот, кој има 30 години, влезе во игра во 65-тата минута, што му е и дебитантски настап во ЛШ и погоди во 87-мата минута за победа од 1:0.
Тоа му е прв гол во Лигата на шампионите на играчот што до 25 години играше аматерски фудбал, па дури работел и како доставувач на храна.
Во 2019 година дојде во Италија и на 28-годишна возраст играше за Кротоне во Серија Б.
На 29 години стана член на Милан, а сега на 30-годишна возраст го постигна дебитанскиот гол во Лигата на шампионите, кој може да биде клучен за презимување на втората најтрофејна екипа со 7 пехари во Лигата на шампионите.