Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 21 година денеска во Битола ќе им биде домаќин на врсниците од Италија во меч од квалификациите за пласман на Европското првенство во 2027 година.
Ова ќе биде првпат Битола да биде домаќин на меч на македонската млада селекција по пауза од повеќе од 30 години. Последен пат во Битола, Македонија У21 играше против врсниците од Шпанија и загубија со 0:1.
Тогаш немаше ниту рефлектори, ниту вакви седишта на трибините, но сепак беше полно со навивачи. По повеќе од три децении, Македонија повторно во Битола ќе биде домаќин на меч од У21, и тоа повторно против еден голем шампион, селекцијата на Италија.
Италија стартуваше со победа од 2:1 против Црна Гора, додека Македонија загуби со 3:0 на гости кај Полска. Во македонскиот табор владее оптимизат дека може да се изненади големиот фаворит.