Фудбалска бомба од Париз – ПСЖ ќе го продаде Мбапе и веднаш најде замена во Англија

Килијан Мбапе сепак ќе може да си замине од Пари Сен Жермен ако се најде клуб што ќе понуди 150 милиони евра за него. По неколку неуспешни обиди на ПСЖ да го продолжи договорот со францускиот репрезентативец, одлучено е дека тој може да си замине, а веќе имаат и замена.

Ако стигне понуда од 150 милиони евра за Мбапе, тогаш напаѓачот ќе си замине на една година пред истекот на договорот, а ПСЖ ќе го купи Бразилецот Ришарлисон од Евертон.

Мбапе сака да игра за Реал Мадрид и не го крие тоа, но Кралевите немаат пари за трансфер тежок 150 милиони евра. Француските медиуми објавија дека има интерес и од неколку англиски клубови, но засега не се објавени имињата на клубовите што би можеле да платат огромна сума пари за 22-годишниот француски репрезентативец.

 

- Оглас -

Најнови вести