Фудбалска екипа играше со 12-мина на терен, судијата не го забележа трикот (Видео)

На натпревар од првата индонезиска лига, се случи нешто невообичаено за професионален ранг, во финишот на средбата тим на терен беше со 12-мина играчи, а судијата не го забележа тоа.

Тимот на Макасар, кој е четврти на табелата, победи со 3-2 против Барито Пуера, но по мечот, гостите поднесоа жалба и оправдано бараат да им се додели службена победа. На Макасар му се заканува и парична казна.

Во 98-мата минута била направена тројна измена, но еден од играчите кои требало да излезат и да седнат на клупата, останал на теренот да помогне за да се задржи минималното водство.

- Оглас -

Најнови вести