Фудбалска грозница кај Лавовите од Атлас – Стотици Мароканци останаа пред стадионот за историското четвртфинале (Фото)

Мароко го тресе фудбалска грозница, а стотици симпатизери на популарните Лавови од Атлас останаа надвор од стадионот „Ал Тумама“ во Доха, каде во тек е четвртфиналето против Португалија на Светското првенство.

Објавено е дека тие немаат билети и дека се обиделе да влезат на стадионот на „вересија“, па ситуацијата била тензична, а навивачите се се уште пред стадионот, иако мечот почна во 16 часот.

Мароко за првпат игра четвртфинале на Мундијалите и ќе се обиде да изненади уште еден голем фаворит на првенството, откако во фазата по групи беше пред Хрватска и Белгија, а во осминафиналето ја елиминира Шпанија.

 

- Оглас -

Најнови вести