Комбинација од фудбал, тенис и кошарка ги прават денешните пет меча во Квотите на денот во Sport Life. Доколку решите сите пет предлози да ги одиграте на еден тикет, ќе добиете вкупен коефициент од 63.87.
Аргентина со Лионел Меси ќе игра пријателски меч против Австралија и тука секако дека треба да се очекуваат погодоци во мрежата на Кенгурите. Аргентина да постигне барем еден гол во првото полувреме, а на крајот од средбата Гаучостите да имаат постигнато најмалку три погодока, коефициентот е 2.25.
Од тенискиот свет, Стефанос Циципас е голем фаворит против Ришар Гаске и треба да победи без многу проблеми без загубен сет, односно со 2:0, што носи квота од 1.85.
Во финалето на АБА-лигата, Партизан и Црвена ѕвезда го играат вториот меч, а Црно-белите ќе атакуваат на втора победа. За победа на Партизан во меч на кој ќе има постигнато вкупно повеќе од 161,5 поени, коефициентот е одличен и изнесува 3.10.
Кошаркарско дерби има и во Грција. Панатинаикос е домаќин на Олимпијакос, а тука гостите се во улога на фаворит. За играта 2-2 коефициентот е 1.80.
Шпанија и Италија ќе атакуваат на пласман во финалето од фудбалската Лига на нации. Двете екипи да постигнат гол, а да има по еден погодок во првото и второто полувреме носи одлична квота од 2.75.