33.8 C
Skopje
петок, 5 септември 2025

Фудбалска перфекција на Тони Крос што досега никогаш не е видена на ЕП

Тони Крос уште еднаш покажа дека е вистински лидер на теренот во германската репрезентација. Креаторот на играта кој има 35 години и најави дека по завршување на ова Европско првенство ќе стави крај на фудбалската кариера, одигра меч за историја против Шкотска.

„Мозокот“ на германската селекција на теренот беше до 80 минута период во кој имаше 107 допири со топката. Од тие 107 допири, Крос упати 102 додавања од кои дури 101 додавање беше прецизно кон неговите соиграчи. Од тие додавања, осум беа долги топки и сите беа прецизни, а четири се потенцирани како клучни за постигнување на погодок.

Низ историјата на ЕП никогаш досега не се случило некој играч кој има над 100 додавања, да има точност од преку 99 отсто на тие пасови.

- Оглас -

Најнови вести