Фудбалска Шпанија остана збунета: Севилја има дете „џин“ од 12 години (Фото)

Традиционалниот турнир во шпанската Ла Лига кој се одржува во летниот период, донесе една неверојатна глетка. На дуелот меѓу екипите на Севилја и Вилјареал за играчи со 12 години, се појави „дете-џин“. Се работи за напаѓачот на Севилја, кој со својата појава беше доминантен на теренот, во однос на сите останати деца.

Иако во фудбалот на оваа возраст речиси и невозможно е да има драстична разлика кај децата, сепак ова е пример дека постојат исклучоци.

На една друга фотографија „детето-џин“ стои покрај свој соиграч од Севилја, а коментарите се дека тие изгледаат како „татко и син“.

Ваква огромна физичка доминација на едно дете во однос на останатите врсници не е секојдневна, но ја имало и во минатото. Најпознат е примерот на некогаш 13-годишниот Ромелу Лукаку. Белгискиот репрезентативец во тоа време делуваше како „џин“ во однос на останатите врсници. Сега тој Лукаку е играч на Манчестер јунајтед.

https://twitter.com/iammoallim/status/883585207567351808

- Оглас -

Најнови вести