Фудбалска војна се очекува во Тирана, Холандија и Англија се апсолутни фаворити

6730 Финска – Холандија (20:45 ч.)

За Холандија ова е прв меч во квалификациите за СП 2026, додека Финска одигра две средби и освои четири бода. Јасно е дека има разлика во квалитет меѓу овие ривали па не е ни чудно тоа што Холандија има 10 победи и едно реми во претходнните 11 средби со овој ривал.

Предлог тип: 2&2-4 (2.03)

 

6766 Албанија – Србија (20:45 ч.)

Овој меч е ќе биде во фокусот вечерва во квалификациите. Албанија има победа и пораз, а за Србија ова е прв дуел во квалификациите. Ривалството е големо, а домашната селекција сигурно ќе има голема помош од публиката.

Двата тима играат цврсто и прва цел им е да не примат гол, па затоа и не треба да се очекуваат многу погодоци.

Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (2.01)

 

6729 Австрија – Романија (20:45 ч.)

Романија лошо ги почна квалификациите со пораз дома од Босна и Херцеговина, па затоа мора да се „вади“ кај некој од фаворитите како што е Австрија.

Интересно е дека меѓусебниот биланс е израмнет, по две победи на двата тима и три нерешени. Последните два меча ги играа во 2020 година и тогаш Австрија победи на гости во Романија, а Романците славеа во Виена, што само е знак за непредвидлив меч.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.85)

 

6774 Андора – Англија (20:45 ч.)

Ова ќе биде игра на „мачка и глушец“. Англија ако одигра во најдобар состав и со сите сили може да даде и 10 гола против Андора. Сепак, тука доволно ќе биде да постигне и половина од тие 10 за добар погоден коефициент.

На последните три меча на овие два тима Англија даде 15 голови во мрежата на Андора, односно во просек пет гола на меч. Нека продолжи тој просек.

Предлог тип: 5+ (2.23)

 

6728 Малта – Литванија (18 ч.)

Ова е една од ретките шанси за Малта да освои бодови. На последните два меча пред своите навивачи против Литванија, Малта има една победа и едно реми. Тоа што можеби е најсигурно дека нема да има многу погодоци на оваа средба.

Предлог тип: 1Х&0-2 (1.92)

- Оглас -

Најнови вести