Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) сака да се обиде да им наложи на најголемите светски обложувалници, да престанат во својата понуда да даваат можност за обложување на жолти картони. Освен обложување на жолти картони, ФА настојува да се укинат и понудите за обложување на други прекини во играта, како што се корнерите и пеналите.
Оваа иницијатива на ФА доаѓа на притисок по се почестите скандали со наместени натпревари. ФА преговара со обложувалниците и владата за да постави ограничувања на некои од облозите што се нудат во одредени натпреварувања, потег што ќе добие поддршка од Премиер лигата.
Иницијална каписла за активни преговори за овие предлози е неодамнешниот инцидент со Лукас Пакета, кој е осомничен дека намерно добил жолт картон.