Фудбалската бајка на Сабицер – Секој Божик добиваше дрес на омилениот тим, а сега ќе игра за него

Марсел Сабицер, како што вели, си го оствари детскиот сон да игра за Баерн Минхен и денеска ги засили редовите на најтрофејниот германски клуб.

Австрискиот репрезентативец потпиша четиригодишен договор со Баварците, а има интересна приказна.

„Како дете секој Божик ми купуваа дрес од Баерн Минхен. Тоа е мојот омилен тим и сега ми се оствари детскиот сон да играм за Баерн“, изјави 27-годишниот фудбалер.

https://twitter.com/FCBayern/status/1432357192414400520?s=20

Сабицер дојде во Баерн од Лајпциг, екипа која ланското првенство го заврши на второто место, како главен конкурент за титулата токму на најтрофејниот германски клуб.

Баерн им плати на популарните Бикови 16 милиони евра отштета за Сабицер, кој за Баварците ќе игра со дрес со бројот 18 до 2025 година.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести