-1.2 C
Skopje
среда, 31 декември 2025

Фудбалската федерација на Италија казни четворица фудбалери на Милан

Милан чекаше дури 11 години да се израдува на шампионскиот пехар во италијанското првенство. Росонерите станаа прваци откако на крајот од првенството завршија со два бода повеќе од градскиот ривал Интер.

На прославата за титулата, фудбалерите на Милан продефилираа во отворен автобус низ Милано, а во еден момент беше забележано дека дел од играчите држат транспарент со непримерна содржина.

„Трофејот од италијанскиот Куп да си го ставите во га*от“, пишуваше на паролата која ја кренаа четворица фудбалери на Милан.

Токму поради овој потег, Фудбалската федерација на Италија покрена дисциплинска постапка во која го казни Раде Круниќ со 5.000 евра, а по 4.000 евра ќе треба да платат Тео Ернандес, Сандро Тонели и Мајк Маигнан.

Сите четворица се казнети поради упатување на навреди на градскиот ривал Интер.

- Оглас -

Најнови вести