Фудбалската федерација на Канада за првпат во историјата ќе ја води жена, и тоа атлетичарка

Поранешната атлетичарка и учесничка дури на пет Олимписки игри, Шармејн Крукс, е првата жена која застана на чело на Фудбалската федерација на Канада.

Таа е привремено решение на чело на Федерацијата,откако Ник Бонтис си поднесе оставка.

„Ги знам и ги разбирам повиците да се поправат работите. Верувам дека ќе можам да обезбедам сите наши репрезентации да напредуваат“, изјави Крукс.

Крукс е четвртата жена која била на чело на Фудбалска федерација, пред неа тоа го сториле Санди Парлоу (Фудбалска федерација на Норвешка), Лиза Клавенес (ФФ на САД) и Деби Хјуит (ФФ на Англија).

Најголемиот успех во атлетиската кариера Крукс го оствари во 1984 година, кога на Олимписките игри во Лос Анџелес го освои сребрениот медал на штафетата 4х400 метри.

- Оглас -

Најнови вести