Фудбалската репрезентација на Црна Гора се наоѓа во катастрофална серија од шест порази по ред, а утре играч меч на домашен терен против Исланд. Фудбалската јавност во оваа земја е разочарана од случувањата, играта и резултатите на националната селекција, а масло на огнот долеа и селекторот, Роберт Просинечки, кој на ден пред натпреварот го соопшти почетниот состав.
Низа коментари може да се прочитаат на социјалните мрежи со критики кон селекторот за оваа несекојдневна постапка, со оглед на тоа дека останатите негови колеги се обидуваат до последен момент да го кријат составот со кој ќе настапат.
Проситенчки буквално им го издиктира почетниот состав на новинарите: Никиќ, Марушиќ, Вујачиќ, Шипчиќ, Радуновиќ, Бакиќ, Јанковиќ, Јововиќ, Цамај, Радуловиќ и Крстовиќ.
На официјалната прес-конференција пред натпреварот, Просинечки најмногу се задржа на проблемите кои ги има и големиот број на отсутни фудбалери.