-2.2 C
Skopje
сабота, 10 јануари 2026

Фудбалската легенда Демикелис имал голема среќа што тој и семејството уште се живи

Поранешниот аргентински фудбалер, подоцна и тренер, Мартин Демикелис, заедно со неговото семејство преживеале вистинска драма на 31-ви декември во Пунта дел Есте во  Уругвај.

Како што објави ФМ ГЕНТЕ, Демикелис влегол во морето со трите деца и внуката неколку часа пред крајот на новата година, кога силна морска струја ги влечела кон отворено море. Најблиската куќа за спасување се наоѓала на околу 500 метри од местото на инцидентот.

Сепак, семејството имало среќа бидејќи спасувачите во тој момент биле на пауза и се нашле во близина, што овозможило брза реакција и спасување на сите што биле во опасност.

Во моментот на интервенцијата, личните податоци на спасените лица не беа евидентирани, па дури неколку часа подоцна беше потврдено дека станува збор за Демикелис, кој беше во друштво на своите деца и други членови на семејството.

Координаторот на спасувачите ја опиша целата ситуација во една реченица – дека Демикелис „извлекол лото“, алудирајќи на фактот дека спасувањето било сосема случајно.

Мартин Демикелис во својата кариера играше за Баерн Минхен, со кого освои бројни трофеи, а ги носеше дресовите и на Ривер Плејт, Малага, Атлетико Мадрид, Манчестер Сити и Еспањол. Одигра 51 натпревар за аргентинската репрезентација и беше вицешампион на светот во 2014 година.

- Оглас -

Најнови вести