Фудбалската легенда се исклучи од социјалните мрежи поради расизмот

Тиери Анри, легендата на Арсенал и францускиот фудбал, денеска најави повлекување од социјалните мрежи така што ги деактивира налозите на „Фејсбук“, „Инстаграм“ и „Твитер“, поради што не може да се исконтролира интернет-насилството врз расна основа.

Според Анри, проблемот е премногу „токсичен“ за да се толерира, па сè додека не се преземат драстични мерки, тој ќе остане „оф-лајн“.

„Премногу лесно може да се отвори таен налог на било која социјална мрежа, и истиот да се користи за ширење омраза, расизам и интернет-насилство. Таквите луѓе создаваат проблеми и не преземаат последици, а остануваат анонимни. Проблемот е премногу голем за да се толерира, дозата на омраза која се шири на социјалните мрежи е токсична. Сè додека одговорните луѓе кои имаат моќ да ги регулираат овие работи, не преземат мерки, јас нема да се вратам“, напиша Анри.

Некогашната ѕвезда на Арсенал и меѓудругото Барселона, се откажа од 10 милиони фанови на „Фејсбук, односно околу 2,7 милиони следбеници на „Инстаграм“, и 2,3 милиони следбеници на „Твитер“.

https://twitter.com/ThierryHenry/status/1375405445108674571

- Оглас -

Најнови вести