1010 Челзи – Евертон (21:00)
Дуел против Евертон за екипата на Челзи нема никакво резултатско значење, но за гостите секој бод е важен во борбата за опстанок. Вечерва победник на „Стемфорд бриџ“ со сигурност ќе има, но ќе има и многу голови. Челзи е во серија од седум натпревари на коишто се постигнати минимум по четири гола.
Предлог тип: 12 & 3+ (1.79)
1310 Осасуна – Валенсија (21:00)
Меѓусебните дуели на Осасуна и Валенсија секогаш изобилувале со голем број погодоци. На последните 15 натпревари само еднаш имало помалку од два гола, додека на последните шест меча само еднаш не било 3+. Овој тренд се очекува да продолжи и вечерва, со оглед на тоа дека гостите ќе мора да нападнат за да дојдат до бодови за излез во фудбалска Европа.
Предлог тип: 1-3I&1-3II (2.40)
3009 Фиорентина – Џенова (18:30)
Ефикасен фудбал се очекува на дуелот од Серија А во Фиренца, на кој ќе се сретнат Фиорентина и Џенова. Кога играат овие две екипи, секогаш има ефикасен фудбал, а тоа го кажува и статистиката од нивните меѓусебни натпревари. На последниот меч во Џенова, резултатот беше 1-4 за Фиорентина, а минатата сезона Виолетовите дома победија со 6-0, а на гости со 1-2.
Предлог тип: 3+ (2.06)
3010 Аталанта – Верона (20:45)
Екипата на Аталанта на натпреварот против Верона ќе мора да брка бодови со кои ќе остане во трката за пласман во Лигата на шампионите. Тимот од Бергамо е далеку од четвртата позиција, но се надева да дојде до петтата, онаа утешната која на Италија ѝ гарантира дополнително место во најквалитетното клупско натпреварување. Во меѓусебните натпревари, Аталанта е во серија од три победи против Верона.
Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (2.25)
2848 Аланијаспор – Галатасарај (19:00)
Фудбалерите на Галатасарај со победа на гостувањето кај Аланијаспор ќе се вратат на лидерската позиција во турското првенство. Во моментов се втори со бод помалку од Фенербахче, но и натпревар помалку, токму овој кој ќе го одиграат денес. Гигантот од Истанбул е во серија од четири победи по ред против денешниот противник, а со евентуална нова победа денес, ќе дојде уште еден чекор поблиску до титулата.
Предлог тип: 2 & 0-29min (2.00)