Фудбалски агент тврди дека Реал налето ќе тргне по Мбапе

Фудбалскиот агент Марко Кирдемир тврди дека Реал Мадрид во летниот преоден рок со сите сили ќе тргне по потписот на Килијан Мбапе, кој ги чека Кралевите со раширени раце.

„Во Мадрид ова лето се подготвуваат да ја завршат домашната задача. Со 99 или 100 отсто сигурно велам дека следната сезона Мбапе ќе игра на „Сантијаго Бернабеу“, изјави Кирдемир за радио Марка.

Според агентот, кој има добри односи со првиот човек на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, смета дека отштетата за Мбапе би изнесувала околу 200 милиони евра.

Тој исто така смета дека уште еден играч е незадоволен во ПСЖ и се надева дека налето ќе си замине, тоа е Ашраф Хакими, кој во минатото го носел дресот на Реал Мадрид.
„Ашраф Хакими исто така е незадоволен во ПСЖ бидејќи сфати дека парите не се се во животот. Тој дури го советуваше Мбапе да потпише за Реал“, додава Кирдемир.

- Оглас -

Најнови вести