Локалното дерби меѓу Дрита и Гњилане се играше денеска во Приштина, наместо во градот од којшто се двете екипи, и мина со сериозни инциденти.
По завршувањето на првото полувреме, двете навивачки групи се степаа меѓу себе, а интересно е што имаат колоритни имиња, Интелектуалци, кои ја подржуваат Дрита, и Соколи, кои се симпатизери на Гњилане.
https://twitter.com/lig_sport/status/1442127805312024578?s=20
Мечот беше прекинат и на играчите на двете екипи не им беше дозволено да се вратат на теренот извесен период, но потоа продолжи дуелот со второто полувреме.
Дрита, чиј тренер е поранешниот македонски ас Ардијан Нухиу, го загуби дербито со 0:2.