Селекцијата на Полска е во второто коло на Светското првенство во Катар, успеа да ја совлада Саудиска Арабија со 2:0 и направи исчекор кон пласманот во осминафиналето, а првиот од двата гола го постигна Пјотр Зјелински, соиграчот на Елиф Елмас во Наполи.
Зјелински така стана херој на нацијата, но на фудбалските терени, додека надвор од нив подолго време е херој. Зјелински ја основа хуманитарната агенција „Петар Пан“, која им помага на децата кои се дел од проблематични семејства.
Piotr Zielinski is a brilliant footballer and an amazing human.
He recently bought two buildings, renovated them and turned them into children's homes run by the foundation he created.
The buildings are now homes to children who come from families ravaged by substance abuse. pic.twitter.com/XUUonWjUCS
— SPORTbible (@sportbible) November 26, 2022
Бидејќи сè уште е активен фудбалер, фондацијата ја водат неговите родители, а годинава Зјелински ги освои срцата на сонародниците бидејќи купи две згради и ги преуреди во прифатни центри за својата организација. Во зградите сега живеат стотина деца од проблематични семејства, а фудбалерот секоја можност ја користи за да се дружи со нив.
Полска во последното коло во групната фаза ја очекува дуел со Аргентина и бод сигурно ги носи во осминафиналето, а има шанси да се најде во нокаут-фазата и со евентуален пораз.