Фудбалски хулигани има и во Америка – Десетина навивачи на Филаделфија убија човек по поразот во ЛШ

Страшен инцидент со човечка жртва се случил ноќеска во Филаделфија, по мечот меѓу домашниот тим Филаделфија јунион и Клуб Америка од Мексико, што го добија гостите со 2:0 во реванш-мечот од Лигата на шампионите во КОНКАКАФ зоната.

Изнервирани од поразот на Филаделфија, која е елиминирана со вкупен резултат од 4:0 во групата, десетина навивачи претепале за нив непознат човек до смрт.

Полицијата објави дека се трага по поголема група луѓе кои биле на мечот што се играше во Честер, место оддалечено околу 20-тина километри од Филаделфија.

Причината за нападот е непозната, но е со трагични последици за човекот што бил цел на нападот на хулиганите.

Клуб Америка ги доби двата меча во полуфиналето со по 2:0 и ќе игра за титулата во Лигата на шампионите против подобриот од двомечот меѓу Круз Азул и Монтереј.

Извесно е дека ќе има мексиканско финале, а Монтереј кој е гостин во реваншот кај Круз Азул, победи на првиот меч со 1:0.

 

- Оглас -

Најнови вести