Фудбалски празник е во Рим, Рома и шампионот Јувентус ќе го зачинат со голови

Сент Етјен –Монпелје (петок, 20.45 часот) 

Домаќинот сериозно се наметнува како кандидат за третото место кое води во Лигата на шампионите следната сезона.

Монпелје е веднаш зад Сент Етјен на петтата позиција со 7 бода помалку и ова му е последна шанса да се обиде да направи подвиг и да продолжи да се надева на учество во Лигата на Европа.

Сепак, Сент Етјен има шанса за историски настап во ЛШ, има и одлична традиција против Монпелје и пет победи на домашен терен на последните шест меча, па затоа верувам во единица и продолжување на мртвата трка со Лион за третото место на табелата во Лига 1.

Предлог тип: 1 (1.80)

 

Краковија – Лех (сабота, 20.30 часот)     

Како што привршува првенството во Полска, така Краковија игра сè подобро, а Лех сè послабо. Краковија одлично игра на домашен терен оваа сезона, Лех е најслабиот гостин во плејофот, па се наметнува единицата како реален епилог.

Оваа сезона за заборава за гостинот мислам дека ќе биде зачинета со уште еден пораз.

Предлог тип: 1 (2.05)

 

Легија – Погон (недела, 15.30 часот) 

Секој меч за актуелниот полски првак до крајот на првенството ќе биде „Да се биде или не“ во обидот мојот поранешен клуб да ја освои и 14-тата шампионска круна во Полска.

По киксот минатото коло и поразот од Пјаст, овде Легија нема друг избор освен победа. На гости им доаѓа нивниот постојан муштерија Погон и затоа верувам во единица.

Предлог тип: 1 (1.63)

 

Вилјареал – Еибар (недела, 18.30 часот)

Со домашна победа мислам дека Жолтата подморница конечно ќе обезбеди опстанок. И за нив се ближи кон крај една сезона што ќе сакаат што поскоро да ја заборават.

Очекувам од самиот старт на мечот да го нападнат Еибар за да ги освојат бодовите за спас и да се простат со триумф од домашните навивачи.

Гостите немаат никаков императив, под притисок ќе игра Вилјареал, но тие се многу поквалитетна екипа од позицијата што ја имаат на табелата во Ла Лига.

Очекувам домашна победа, по која Вилјареал поспокојно ќе го чека гостувањето кај хитот сезонава во Шпанија, екипата на Хетафе.

Предлог тип: 1 (1.65)

 

Рома – Јувентус (недела, 20.30 часот)     

Рома мора да победи доколку сака да ги задржи шансите за пласман во Лигата на шампионите, но на гости им доаѓа шампионот. На „римската волчица“ нема воопшто да ѝ биде лесно иако Јуве нема посебни мотиви.

Рома не смее да помисли на поинаков исход освен победа за задржување на шансите за ЛШ, гостите се веќе шампиони на Италија, ќе играат без притисок, па очекувам отворен фудбал и најмалку три гола во двете мрежи.

Предлог тип: ГГ3+ (1.98)

 

 

- Оглас -

Најнови вести