Фудбалски ремек-дела од Австралија – Тим на еден натпревар постигна два прекрасни гола (ВИДЕО)

Натпреварот од австралиската А лига меѓу Централ коуст маринерс и Макартур ФЦ можеби не го донесе најквалитетниот фудбал, но беа постигнати шест погодоци, од кои два беа ремек-дело.

Средбата на крајот заврши 3:3, а интересно е што двата најубави моменти на средбата дојдоа благодарение на гостите.

Најпрвин Томи Оар во 25-тата минута (првиот гол на видеото) сочека една одбиена топка по изведен корнер и со волеј од околу 20 метри ја зафати навистина одлично.

Вториот прекрасен гол, со кој воедно се поставија и конечните 3:3, беше дело на Крег Нун во 90-тата минута, по одличната асистенција на Оар, по што од околу 10 метри откосо ја удри топката со надворешен „фелш“.

Навистина два атрактивни погодоци кои вреди да се погледнат неколку пати.

- Оглас -

Најнови вести