Фудбалски тим од Велс казнет со одземање дури на 141 бод

Велшкиот клуб Понтиприд јунајтед е казнет со одземање на 141 поен од страна на Фудбалската федерација на Велс откако беше прогласен за виновен по 18 обвиненија.

Но, на Понтиприд јунајтед сезонава ќе му бидат одземени само шест бода, додека одземањето на останатите 135 бода ќе биде активирано до крајот на следната сезона само доколку се докаже дека и понатаму на натпреварите играат фудбалери кои не ги исполнуваат правилата за настап.

Федерацијата го казни тимот бидејќи не им ги исплаќал платите на фудбалерите и дека играл со нерегистрирани играчи. Исто така на Понтиприд јунајтед му е забрането во наредните два преодни рока да ангажира или да продава фудбалери.

– Истрагата на Фудбалската федерација на Велс за статусот на играчите во клубот беше спроведена по жалбите на играчите за наводно прекршување на професионалните договори, – стои во соопштението на Федерацијата.

- Оглас -

Најнови вести