Фудбалски циркус во Швајцарија – Боли рамото, помошникот судија беше како тенк (Видео)

Смешен момент имаше на мечот во швајцарскиот куп меѓу Белинцона и Луцерн и тоа во последната минута од второто продолжение, односно во 120 минута, а се судрија помошникот судија и тренерот на Белинцона.

Настрада Балдо Раниери тренерот на домашниот тим Белинцона и по ударот со аутриктерот падна на тревникот, а потоа се жалеше на болки во рамото.

Целата ситуација и судирот меѓу помошниот судија и тренерот на Белинцона можете да го погледнете ОВДЕ.

Мечот во регуларниот дел заврши без голови, а по двете продолженија од по 15 минути поуспешни беа гостите и победија со 1:0 со голот на Дејан Шоргиќ во 108. минута и Луцерн ќе игра во осминафиналето на швајцарскиот куп.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести