Фудбалски земјотрес во Хрватска, Хајдук тргнува по еден од најдобрите играчи на Динамо!

Динамо Загреб денеска официјално се прости од искусниот напаѓач Бруно Петковиќ, кој седум години го носеше дресот на Модрите, а во хрватските медиуми се појави информација дека сплитскиот Хајдук ќе се обиде да го ангажира голгетерот.

Од Хајдук порачале дека ќе најдат пари од спонзори, само потребно е Бруно да каже „да“. Најлутиот ривал на Динамо би му нанел удар на загрепскиот клуб како пред 20 години кога им го зедоа Нико Крањчар, што предизвика силен потрес во Хрватска.

Петковиќ е втор зад Аријан Адеми по број на европски мечеви за Динамо, беше еден од капитените и остави силна трага на „Максимир“. Клубот му нудеше нов договор, но со значително помала плата. Бруно одби и сега ќе бара нова клупска средина. На објавата на Динамо со која му се заблагодарија за направеното во овие седум години, тој искоментира: „Нема на што“.

- Оглас -

Најнови вести