18.8 C
Skopje
петок, 8 август 2025

Фудбалскиот клуб Вардар се враќа на најголемиот стадион!

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб, Вардар, повторно ќе тренира и игра таму каде што најчесто настапуваше како домаќин низ својата богата историја, на Градскиот стадион кој сега официјално се вика Арена „Тодор Проески“.

„Почитувани, Фудбалскиот клуб Вардар се враќа на Градски Стадион !

Ве известуваме и ве каниме денес во 18 часот на првата прозивка и тренинг на нашиот Вардар, на Градски Стадион. По долго време се враќаме во нашиот дом, и повторно како некогаш го враќаме сјајот на најголемиот и најсаканиот македонски фудбалски бренд.

Вардар е клуб на народот, така било, така ќе биде секогаш, но овојпат тоа ќе биде и формално. Отворен клуб кој ќе функционира транспарентно, и ќе биде достапен за сите свои навивачи, јавноста и се разбира народот… Повелете, Клубот на Народот ве очекува“ – информираа Црвено-црните.

- Оглас -

Најнови вести