9.8 C
Skopje
четврток, 19 февруари 2026

Фудбалскиот проект на Новак стана посилен, Куртоа му се приклучи на Ѓоковиќ

Еден од најдобрите голмани на светот, Белгиецот Тибо Куртоа, и официјално им стана партнер на Новак Ѓоковиќ, Фелипе Маса и Кевин Магнусен како група сопственици на фудбалскиот клуб Ле Ман, кој моментно се натпреварува во втората лига со реална амбиција да стане прволигаш.

Ле Ман е петти на табелата само со три бода помалку од првиот, па Ѓоковиќ и друштвото во кое влезе и голманот на Реал Мадрид со право се надеваат дека нивниот клуб ќе влезе во елитната Лига 1.

Дел од овој проект е и Јоргос Франгулис, сопственик на брендот OakBerry и момче на најдобрата тенисерка Арина Сабаленка. Во наредните месеци можно е да им се приклучат и други познати лица. Засега не е сосема јасно какви улоги имаат споменатите спортисти во клубот.

- Оглас -

Најнови вести