Светскиот фудбалски синдикат, ФИФПРО, објави список со 7 земји каде што е најризично да се игра фудбал и постои најголем ризик од непочитување на договорите со исплата на плати и рати.
Во Кина, Турција, Грција, Романија, Саудиска Арабија, Алжир и Либија постојано се кршат правата на фудбалерите и не се почитуваат фудбалските договори, односно клубовите честопати им остануваат должни на играчите.
Како за пример, во Грција, особено во Втората лига честопати се случува клубовите да престанат со постоење или да се откажуваат од натпреварувањето, па им должат на играчите вкупно 25 милиони евра на име на неисплатени плати и рати од договорите.
Слични случаи има и во останатите наведени земји од списокот на ФИФПРО, а најлошо е во Либија, каде што има доста случаи на одземање на патните исправи на странските фудбалери за да не можат да си заминат и да играат за клуб од друга земја.