Фудбалскиот сојуз на Хрватска гради нов тренинг-комплекс, ќе изгледа фантастично (Фото)

Фудбалскиот сојуз на Хрватска започнува со изградбата на новиот тренинг-центар, кој ќе го користат сите национални селекции на трикратниот медалист од Светските првенства. Комплексот кој ќе се наоѓа во близина на Загреб, односно во местото Велика Горица, ќе има четири стадиони, спортска сала и пропратни објекти, а ќе изгледа навистина фантастично.

Во првата фаза ќе бидат изградени управната зграда, два стадиони за тренинг и еден стадион со капацитет за 1.500 гледачи. Во втората фаза ќе се градат уште еден стадион, четврти, кој ќе биде воедно и главниот терен во комплексот, како и спортска сала и останати пропратни објекти.

- Оглас -

Најнови вести