Фудбалскиот свет го очекува ждребот за СП – Во најава се неколку групи на „смртта“ (ФОТО)

Светската фудбалска јавност денеска од 18:00 часот ќе биде насочена кон Доха, Катар каде што ќе се одржи ждребот за претстојното Светско првенство.

Познати се речиси сите селекции кои што ќе играат во Катар, а треба да бидат пополнети уште три места преку дополнителни квалификации а сите тие ќе бидат во четврттиот шешир.

Можни се навистина неколку интересни групи и не треба да се заборави правилото дека не смеат две селекции од ист континент да играат заедно во групата, освен тие ако не се од Европа.

Домаќинот Катар, Бразил, Белгија, Франција, Аргентина, Англија, Шпанија и Португалија се во првиот шешир. Додека во вториот се Мексико, Холандија, Данска, Германија, Уругвај, Швајцарија, САД и Хрватска.

Трет шешир: Сенегал, Иран, Мароко, Полска, Јапонија, Србија, Јужна Кореа и Тунис.

Во „најслабиот“, четврти шешир се Камерун, Канада, Еквадор, Саудиска Арабија, Гана, Победник од плејоф 1, Победник од плејоф 2, Победник од УЕФА плејоф.

Може да се состави навистина неколку интересни групи, а квалитетот особено во првите три шешири е не се разликува толку, па било кои селекции да се паднат, ќе биде навистина убаво да се гледа.

Интересно е што тие што не се во првиот шешир, го посакуваат домаќинот Катар во својата група, бидејќи логично, таа е најслабата селекција која што е од првиот шешир.

 

- Оглас -

Најнови вести