Фудбалскиот свет се моли за здравјето на Србинот и на Италијанецот, се влоши здравствената состојба на Михајловиќ и на Вијали

Здравствената состојба на српскиот тренер Синиша Михајловиќ, кој од јули 2019 година боледува од леукемија, се влошила, но дека тој е во „стабилна состојба“, објавија италијанските медиуми.

Михајловиќ по закрепнувањето од првата фаза од лекувањето, во март повторно беше подложен на терапија, а пред три месеци доби отказ од Болоња.

На Џанлука Вијали, поранешниот фудбалер на Сампдорија и Јувентус, пред пет години му беше дијагностициран рак на панкреасот, но успеа да се избори со тешката болест и да продолжи да работи како тренер како дел од стручниот штаб на италијанската репрезентација со својот поранешен соиграч Роберто Манчини.

Но, денеска Вијали соопшти дека поради нови здравствени проблеми мора да ја напушти репрезентацијата.

„Потребна ми е ментална и физичка сила за да ја надминам новата фаза од мојата болест“, изјави Вијали.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести