4.8 C
Skopje
петок, 19 декември 2025

Фудбалските агенти заработиле рекордна сума во 2025 година

Фудбалските агенти заработиле најмногу пари во 2025 година во споредба со претходните години, соопшти ФИФА.

Меѓу први јануари и први декември агентите кои учествувале во трансферите во машкиот фудбал заработиле 1,37 милијарди долари. Ова е значително над претходниот рекорд од 889,4 милиони долари, поставен во 2023 година.

Најголемиот дел од средствата за менаџерите е исплатен во европскиот фудбал, според ФИФА. Англиските клубови се главен извор на овие пари бидејќи исплатиле над 375 милиони долари за агенти на играчи, додека клубовите од Германија се на второто место со 165 милиони долари.

Рекорд е поставен и во женскиот фудбал, каде што сумите исплатени за агенти изнесуваат 6,2 милиони долари. Тоа е двојно повеќе од 2024 година и 13 пати повеќе во споредба со 2020 година, соопштува светската фудбалска централа.

Заклучно со четврти декември, во светот има 10.525 лиценцирани фудбалски агенти, тврдат од ФИФА.

- Оглас -

Најнови вести