Во викенд кога сите најважни фудбалски првенства се во тек, очекувано е Супер типот на Sport Life да биде „окупиран“ од најважната споредна работа во светот. Вкупно 16 интересни дуели од кои на 13 се смета дека домаќините се во улога на фаворити, а само три гостински екипи имаат зголемени коефициенти.
Манчестер јунајтед да победи кај Брајтон е со огромна квота од 2.80, слично е и за Монако да го победи Лион на гости (2.75), а единствено Милан е како чист гостински фаворит и тоа на теренот на Парма, која е повратник во Серија А.
Од домашните фаворити, тука се Херта, Хофенхајм, Тотенхем, Зенит, Барселона, Келн, Малага… На сите мечеви има и одлични понуди за комбинациите на голови, но и игрите фикс плус голови.