Фудбалските клубови поставија рекорд во трошење на трансфери во јануари

Во јануари професионалните фудбалски клубови низ светот поставија рекорд со 5.863 трансфери во вкупна вредност од 2,35 милијарди долари, објави прес-службата на Меѓународната фудбалска федерација, ФИФА.

Клубовите кои потрошиле најмногу на трансфери во јануари се од Англија (621,6 милиони долари), Германија (295,7 милиони долари), Италија (223,8 милиони долари), Франција (209,7 милиони долари) и Саудиска Арабија (202,1 милиони долари).

Најголеми суми за трансфери добија француските клубови (371 милиони долари), потоа тимовите од Германија (226,2 милиони долари), Англија (186,2 милиони долари), Португалија (176,4 милиони долари) и Италија (162 милиони долари).

Во јануари 2025 година вкупниот износ на трансфери е зголемен дури за 57,9 отсто во однос на истиот период од 2024 година, а бројот на трансфери е поголем за 19,1 отсто во однос на ланскиот јануари.

Бразил е земјата која регистрираше најмногу јануарски потписи (471), потоа Аргентина (265), Португалија (207), Шпанија (200) и Англија (190).

- Оглас -

Најнови вести