Популарни фудбалери од минатото го прогнозираа крајниот исход на финалето на ЕВРО 2024 меѓу Шпанија и Англија.
Англичаните како Рио Фердинанд, Дејвид Џејмс и Сол Кемпбел очекувано му даваат предност на својот тим. Во исто време, Шпанците Луис Гарсија и Гаиска Мендиета ја фаворизираат Црвената фурија.
Сепак, општ е впечатокот дека се очекуваат многу голови на вечерашното финале. Сите познати „фаци“ прогнозирајќи го конечниот резултат, предвидуваат дека ќе има барем три гола, како и дека двата тима ќе постигнат најмалку по еден гол.
Прогнозите на популарните фудбалери за финалето Шпанија – Англија
Рио Фердинанд – 1:2
Луис Гарсија – 3:1
Луиш Фиго – 2:1
Дејвид Џејмс – 2:3
Гаиска Мендиета – 2:1
Сол Кемпбел – 1:2
Марко Матераци – 3:1
Ангелос Харистеас – 2:2