Фудбалските местенки цутат во време на корона, се местеле и видео-игри

Пандемијата ги загрози буџетите на многу клубови, па многу сиромашни клубови бараат нелегални начини за заработка со манипулации.

Југоистокот на Азија со години важи како рај за наместени фудбалски мечеви.

„Штом клубовите ќе престанат да ги плаќаат играчите, пристигнуваат преварантите. Не си добил пари три месеци, а мора да платиш кирија и да храниш две деца. Ти доаѓа некој и ти нуди шестомесечна плата за еден меч. Затоа има толку многу наместени мечеви“ – вели Стив Дарби кој како тренер работел во Виетнам, Лаос, Малезија и Сингапур.

Голем дел од сомнителните мечеви за 2021 се во лиги од понизок ранг или младински мечеви, а додека не се играше фудбал на стадионите на почетокот на 2020, мета биле натпреварувањата во видео-игри, популарниот e-sport. Во јуни годинава, шест професионални играи добила жестоки казни бидејќи еден од нив се обложил против својот тим, а ги подмитил и колегите.

- Оглас -

Најнови вести